Фото: З.А.

Во текот на 2022 година на територија на општина Кичево регистрирани се вкупно 210 пожари, од кои 184 се пожари на отворено, во шумски појаси,урбани и на превозни средства, додека 26 пожари се технички интервенции.

Командирот на ТППЕ Кичево Горан Соколески, покрај билансот од изминатата година, ни ја презентира бројката на пожари во изминатите 5 години.

-Минатата година во нашата општина регистрирани се вкупно 210 пожари што е во рамките на просекот, споредено со бројот на пожари во изминтатите 5 години. Така во овој период најмалубројни беа пожарите во 2020 година вкупно 159, додека рекорден број на пожари се регистрирани во 2019 година вкупно 329, од кои само во месец март се регистрирани 47 пожари – истакна Соколески.

Тој потсети дека од година во година ТППЕ Кичево се повеќе се опремува со противпожарни возила за секаков вид на пожари а и бројот на вработени е во рамките на задоволителното и очекува и наредните години да продолжат инвестициите во пожарникарството, што ќе придоенесе штетите од пожари на територијата на оваа општина да бидат далеку помали, а инвестициите во опрема да се вратат побрзо од планираното. З.А.