Otvoreni denovi na ARM vo Kicevo
Фото: З.А

По повод 75 години од формирањето на НАТО и четири години од членството на Македонија во Алијансата, денес на градскиот плоштад во Кичево, во периодот од 11 до 15 часот, АРМ организираше отворен ден за граѓаните, каде присутните имаа можност да се запознаат во воената опрема и возила.

Презентација на борбените вештини имаше батаљонот за специјални сили, а Ренџерската единица имаше презентација на борбените и алпинистички вештини.
Присутните на настанот имаа можност да проследат повеќе музички нумери во изведба на воениот оркестар.

Otvoreni denovi na ARM vo Kicevo
Фото: З.А

Кичево беше последниот град каде се одржаа отворени денови на АРМ и тактичко-технички збор.

Во текот на денот голем број граѓани на Кичево присуствуваа на овој настан и со големо љубопитство се интересираа за воената опрема и едукацијата во редовите на АРМ.

-Одблизу се запонавме со опремата што ја поседува АРМ и вештините на нашите војници. Големото присуство на граѓаните е потврда дека армијата ужива голема доверба од страна на граѓаните – истакна еден од граѓаните кој со своите деца го посети овој настан.

З.А