За големиот верски празник Велигден во црковниот храм „Свети Петар и Павле“ во Кичево, организиран е традиционален распоред на богослужбите, кој започна на Велики четврток со утринска и Свети Василиева литургија, како и вечерна, на која се читаа 12 страдални евангелија.
– За најголемиот верски празник во црковниот храм „Свети Петар и Павле“ се организира традиционалниот распоред на богослужби. Откако на Велики четврток беа отслужени планираните богослужби, вечерва во 7 часот во храмот се одржаа Царски часови, а од 20 часот Христово опело. На Велика сабота во 7 часот се одржува утрена Света Василиева литургија и Света причест. На полноќ за Велигден е Воскресение Христово, Света литургија и утрена литургија. На прв ден Воскресение во 7 часот е Светата литургија, додека во 14 часот второ Христово воскресение. На втор ден Велигден во 7 часот е утрена и Света архиерејска литургија, додека во 18 часот ќе има вечерна богослужба. На третиот ден Велигден во 7 часот наутро ќе биде служена утрена и Света литургија со што ќе се заокружи распоредот на литургиите за големиот христијански празник – истакнаа од црковниот храм „Свети Петар и Павле“ во Кичево, кој во овие денови беше посетен од рекорден број на верници и дел од иселениците, кои допатуваа од странство за овој голем празник.
З.А.