Фото: З.А

Извидниците на извидничкиот одред „Мирко Милески“ од Кичево, Светскиот ден на извидништвото го одбележаа со традиционалната крводарителна акција на која беа собрани триесет единици на крв. Со тоа уште еднаш се потврди дека младите од Кичево крајно одговорно се вклучуваат во оваа акција.

Фото: З.А

-Традицијата која извидничкиот одред „Мирко Милески“ од Кичево ја востанови со организирање на крводарителска акција на Денот на извидништвото се реализира и годинава, во соработка со одделот за трансфузиологија, и беа собрани триесет крвни единици. Оваа акција се организираше под мотото „Направи добро дело“. Вредно е да се спомене дека поединци од извидничкиот одред во повеќе наврати имаат дарувано крв, а рекордер е Филип Милески началник на извидничкиот одред, кој годинава десетти пат даруваше крв. Покрај извидниците во оваа крводарителна акција се вклучија и дел од граѓаните кои ја подадоа својата рака за да даруваат дел од својата драгоцената течност – истакна Бобан Стојаноски, од извидничкиот одред „Мирко Милески“ од Кичево.

З.А