Таткото Синиша и синот Стефан Ковачевиќ, мајстори од Кочани, неодамна во дворот на црковниот храм „Свети Петар и Павле“ од Кичево, изградија фонтана и реплика на црквата „Свети Јован-Канео“ од Охрид. Тие повеќе од две децении се занимаваат со оваа работа и, како што нагласи таткото Синиша, во изминатиот период тие имаат изградено стотина црковни реплики и фонтани.
– По иницијатива на анонимен донатор, татко и син од Кочани, измината недела во дворот на црквата „Свети Петар и Павле“ изградија фонтана и реплика на црковниот храм „Свети Јован-Канео“ од Охрид. За реализација на овој проект им беа потребни десетина дена и сметаме дека донаторот и ние свештениците од Кичево ќе бидеме наполно задоволни од она што го изработија мајсторите од Кочани и ќе претставува убава можност за сите идни брачни двојки и тазе крстени деца, да се овековечат крај оваа реплика и фонтана – истакна отец Александар.
Мајсторот Синиша потсети дека досега имаат изградено стотина реплики на цркви, а најголемата реплика ја изградиле во дворот на граѓанин од Кочани пред пет години. Се надеваат дека оваа реплика за кратко време ќе ги освои симпатиите на граѓаните на Кичево