Петанесетгодишниот Лука Дамчевски, го фати светиот крст во храмот „Св. Димитриј“ во Битола.
Лука Дамчевски, кој првпат скокаше за светиот крст беше најсреќниот на кој му се насмеа среќата да го фати светиот крст во конкуренција на 25 верници, колку што скокаа за крстот.
Тој им порача на сите млади луѓе во иднина да скокаат по светиот крст.
Со богослужбата по повод фаќањето на светиот крст чиноначалствуваше Владиката на Преспанско битолската епархија г.г. Петар, а на свечениот чин, на кој присуствуваа голем број вернции, присуствуваше и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.
М.М.