фото: Зоран Антоски

Меѓународниот ден на лицата со попреченост 3 декември, во општина Македонски Брод беше одбележан со пуштање во употреба на ново повеќенаменско спортско игралиште во селото со најмногу згрижувачки семејства во земјава, Манастирец.

Спортското игралиште беше предадено од страна на градоначалникот на општина Македонски Брод, Жарко Ристески, а на овој чин присуствувааа и поголем број на лица со попреченост кои престојуваат во ова село.

– Нашата општина на соодветен и благороден начин го одбележа трети декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, со предавање во употреба на ново повеќенаменско спортско игралиште во селото со најголем број згрижувачки семејства во земјава, Манастирец. Ова спортско игралиште ќе придонесе за поуспешна и полесна инклузивност на овие лица во општественото дејствување. Ние сме секогаш тука да подадеме рака на овие лица, кога тоа им е потребно – истакна градоначалникот Ристески.

Селото Манастирец последните две децении има просечно згрижено над 20 лица со пречки во развојот.

З.А.