Со прекрасниот концерт одржан пред полна сала во Центарот на култура го одржа хорот „Митрополит Козма Пречистански“, како и со одличната изведба на групата „Чалгии Мерак“, со дел од оркестарот на филхармонија и со детската претстава „Божиќна авантура во градот на снегулките“, заокружени се активностите на новогодишно-божиќниот „Базар“ Кичево, истакна Бошко Сарафилоски.
– Во изминатите три седмици во центарот на Кичево се одржаа голем број настани, од Божиќниот концерт на младиот маестро Лука Лазарески, гостувањето на маѓионичарот Владимир Баланс, кој со своите настапи ги одушеви младите од Кичево, потоа детските песни и забава за најмладите со маскоти, настапите на КУД „Бисер“ и КУД „Нико Пусоски“, богата програма која ќе ги мотивира организаторите и наредните години да се погрижат да организираат уште побогата програма, а заклучокот на сите е единствен, дека овие три седмици Кичево живееше во ритамот на културата – истакна Младен Ванчоски еден од кооорганизаторите на дел од програмата.
За големиот вески празник Рождество Христово – Божиќ младите во центарот на Кичево ги посети и епископот Антаниски г-дин Партенија. З.А.