Патрониот празник на црковниот храм„ Свети Петар и Павле“ од Кичево, Петровден, беше одбележан и со традиционалната мото-парада, што синоќа, по 11 пат се одржа во Кичево, со над 300 учесници што е рекорден број досега.
На годинешната традиционална мото- парадата зедоа учество рекорден број мотоциклисти над 300, од сите возрати и од двата пола од градот. Мото-парадата стартуваше од под јарболот со државното знаме поставен пред железничката станица Кичево, потоа со парадно возење караванот помина низ повеќето клучни сообраќајници низ градот и финишираше пред црковниот храм, чиј патрон се одбележува денес. Учесниците на мото-парадата го посетија црковниот храм, каде запалија свеќи за здравје, а дружбата ја завршија со заедничко кафе во еден локал во градот.


– Традиционално за големиот верски празник Петровден, патрониот празник на црковниот храм „Свети Петар и Павле“, организираме Петровденска мото–парада, која има се повеќе приврзеници во градот, а годинанва зедоа учество рекорден број од над над 300 мотоциклисти. Не беше важна возраста ниту марката на мотоциклот, важно е да се учествува и да се биде дел од овој традиционален мото- караван. Расположението помеѓу мотоциклистите е секогаш на највисоко ниво и делуваме како една голема фамилија, која желба да се дружи да празнува и да го негува своето хоби мотоциклизмот – истакна Петар, редовен учесник на оваа мото –парада.
– Мото парадата е се повеќе популарна кај сите генерации жители на Кичево, кога на булеварите и улиците се собраа голем број граѓани, кои со громогласни аплаузи ги поздравија учесниците на оваа мото фешта – додава Владо Личоски, иницијатор за организирање на оваа мото-парада.
З.А