Фото: Општина Битола

Денеска Широк Сокак беше претесен да ги собере сите бадникари кои беа дел од големата Бадникова поворка.

Поворката тргна од Платото на Офицерскиот дом, продолжи по Широк Сокак, за на плоштадот „Магнолија“  уште еднаш да биде изведена песната „Вечниот Бог“, по што бадникарите се упатија во црквата „Св. Великомаченик Димитриј“.

Бадникарите ја посетија општина Битола каде што беа пречекани од градоначалникот Тони Коњановски.

-Вербата во Бога и традицијата се вредностите на кои почива нашето самобитие. Општина Битола денес покажа дека оваа традиција е блиска до народот, особено до најмилите и најмладите, кои од мали ги учет вредностите и тие ќе ги запазуваат и применуваат во иднина.Огромно задоволство за мене, како градоначалник е што ја имав можноста да бидам дел од собирањето на Бадниковата поворка пред Офицерскиот дом, каде што сите го проследивме и настапот на играорците на КУД „Илинден“, кои низ градските игри и песни, ја раскажаа нашата богата културна традиција. Најголем подарок, сепак беше доаѓањето на најмилите од Бадниковата поворка во општина Битола, каде што заедно под украсената елка, пеевме, се радувавме, а преку скромните подароци ја запазивме вредноста на дарувањето во овие богати со љубов, празнични денови – рече градоначалникот на Битола.

М.М