Сензорна соба - Фото: Општина Аеродром

Скопје

ООУ „Димитар Македонски“ во населбата Лисиче ја доби првата сензорна соба. Просторијата е внимателно опремена и приспособена за дечињата на кои им е потребна дополнителна сензорна поддршка, овозможувајќи им безбедно, смирувачко и поттикнувачко опкружување за учење и развој.

Сензорната соба не е само простор туку е прегратка, поддршка и мост кон инклузијата. Во општината Аеродром вакви соби веќе постојат во други основни училишта и детски градинки, а нивното значење е огромно: тие го отвораат патот кон еднакви можности за сите деца, без разлика на нивните потреби.
– Вложувајќи еднакво во секое дете, градиме иднина исполнета со разбирање, љубов и квалитет, затоа што нашите најмили заслужуваат свет во кој секој чекор е поддржан, секој глас е слушнат и секое срце е прифатено – велат од општината.