фото: З:А.

Во изминатите три дена на патиштата низ Македонија се одржа 34-тото Мото-рели „Независност“, на кое зедоа учество учество околу 270 мотоциклисти од земјава и од странство од сите возрасти и на различни мотоцикли.

– Стартот на релито беше во 10 часот на 6 септември во Скопје, од каде мотоциклистите патот го продолжија кон Куманово, Кратово, Кочани, сѐ до Струмица, каде имаа пауза, а првото ноќевање беше организирано во Дојран. Вториот ден мотоциклистите од Дојран се упатија кон Гевгелија, Неготино, Кавадарци, каде имаа пауза и освежување, потоа преку Прилеп, Битола, Ресен завршија во Охрид каде и ноќеваа. Во Охрид за сите мотоциклисти беше организирана и забава во еден локал крај езерото. Денес мотоциклистите од Охрид се упатија кон Кичево каде имаа пауза и освежување, а потоа преку превојот Стража се упатија кон Тетово и Скопје каде ќе финишираат и каде ќе заврши релито. Во групата учесници на ова рели има мотоциклисти кои повеќе од триесет пати зеле учество на истото, а има и млади мотоциклисти кои се учесници на релито Македонија последниве неколку години. Ова рели стана популарно и кај многумина мотоциклисти од повеќе европски земји, така, годинава имаше учесници од Швајцарија, Австрија, Хрватска, Словенија, Србија, Бугарија и други сососедни земји – информира претседателот на Мото Федерација, Зоран Трајкоски, кој напомна дека попатно двајца мотоциклисти доживеале пад од својата машина, но без поголеми последици.

Секој мотоциклист за учество на релито плати котизација од 1.800 денари, а за совозач се платија по 1.200 денари.

З.А.