Скопје
Tри активни градилишта се градат во општината Гази Баба, информираат од општината. Во Идризово се гради модерен спортски центар со терени за мал фудбал, кошарка, фитнес-зона и детско катче – простор за здрав живот и дружење на сите генерации. Во Трубарево, новата детска градинка е во завршна фаза и наскоро ќе се отворат вратите за најмладите. Во Хиподром се одвива реконструкција на улицата Париска Комуна – проект поддржан од Владата преку вториот повик за општински инфраструктурни инвестиции. Но од општината истакнуваат дека не застануваат тука.
– Се гради ново училиште во Ченто. Се гради спортска сала во Црешево, нова градинка во Инџиково, се реконструира Домот на културата „11 Октомври“, се асфалтираат улици, се поставуваат канализации, се менува секој агол – велат од општината, потенцирајќи дека се решени Гази Баба да биде модерна заедница.