Активностите за реконструкција на коловозот на локалниот пат до село Дихово, во должина од 1200 метри почнаа денеска.
Со реконструкцијата, ќе се добие обновено патно поврзување на оваа рурална туристичка атракција во непосредна близина на градот, во која уживаат и битолчани и странски туристи.
Инвестицијата на општина Битола за реконструкцијата на локалниот пат до селото Дихово изнесува 5.640.000 денари.
М.М.