фото: Каролина Мицевска
Прилепските стопанственици на седница на Регионалната стопанска комора денеска директно од претставниците на Министерството за економија и труд се запознаа со примената на новиот Закон на нефер трговски практики, кој треба да започне да се релизира од 28 септември.
Со законот, беше посочено на состанокот, ќе се регулираат односите меѓу производителите, добавувачите и трговците на мало.
– Од голема важност е законот за нефер трговски практики со кој се регулира рабатот и она што значи маркетинг за производите што влегуваат во маркетите. Законот од ваков вид е прв во југоисточна Европа, а крајниот ефект ќе биде за потрошувачите, односно граѓаните – изјави Марјан Ристески, заменик-министер за економија.
Законот кој е донесен во соработка со сите структури – производителите, стопанските комори, опфаќа 2.540 производи.
Од Регионалната стопанска комора Прилеп со став дека ваквите директни средби со претставниците од Министерството за економија се многу значајни.
– Поголемиот дел од нашите членки се директни производители. На овој начин добиваме повеќе информации. Очекуваме да функционира добро – рече Никола Мариновски, претседател на Регионалната стопанска комора, на чија седница денеска се расправаше и за други прашања од економијата.
Законот за нефер практики е изработен по директива од ЕУ.
Ка.М.