Со полагање на цвеќиња на спомен обележјата на Методија Андонов Ченто, на Кузман Јосифоски -Питу, на Песјобрдце, делегации од Општина Прилеп, предводена од градоначалникот Дејан Проданоски, Советот на Општина, од АРМ, Сојузот на борци и од политички партии, започнаа активностите за одбележување на Трети ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп, од пред 81 година.

Во рамките на прославата попладнево ќе биде поставена спомен плоча на Коста Смилески, во 18.30 ќе биде отворена изложбата на дела од 17-та колонија Дрен 2025.
Од 19 ч. Советот на Општина Прилеп во ЦК „Марко Цепенков” ќе ја одржи свечената седница на која ќе бидат доделени Третоноемвриските награди.




































