Претставници на Општина Битола и на два синдиката на работниците денес потпишаа колективен договор со кој се уредуваат правата, обврските и одговорностите и други прашања во врска со работниот однос на вработените во општината. Во периодот кој следува се очекува да се добие зголемена експедитивност на општинската администрација, навремени и подобри услуги за граѓаните.
Претставниците на двата синдикати при општина Битола, изразија голема благодарност за тоа што Коњановски е првиот градоначалник кој покажа интерес во соработка со администрацијата и општина Битола да воведе нов начин на работа, со кој јасно е искажана волјата за унапредување и грижа за вработените и нивните права, во интерес на подобрување на функционалноста на локалната самоуправа. M.M.