Советниците на Советот на Битола со мнозинство гласови го прифатија барањето на Здружението на лиценцирани такси превозници од градот за покачување на цената на такси- превозот.
Со ваквата одлука тарифата на такси-превозот во Битола поскапе за 5 денари, така што во иднина стартот со пресметан еден километар ќе чини 60 денари, а за секој следен километар ќе се плаќа 25 денари.
Причините за поскапувањето на такси превозот се поскапувањата на горивото, резервните делови, поскапата регистрација за лиценцирани возила, недостигот на возачи, нелојалната конкуренција…
– Порано старт и километар беше 30 и 20 денари. Како такси превзоници се соочуваме со големи проблеми, а имаме недостиг на возачи. Работиме 28 до 30 денови во месецот за да ги платиме давачките, меѓу кои и фирмарини од која таксистите во сите други градови се ослободени. Таксистите се согласија да нема ноќна или празнична тарифа – рекоа од Здружението на лиценцирани такси превозници на денешната седница на Советот.
На седницата советниците на опозицијата побара субвенционирање на такси превозот во градот и засилени котроли од страна на комуналните инспектори.
М.М