фото: Зоран Антоски

Првиот дожд во изминатите два месеци што попладнево заврна во Кичево, предизвика вистински потоп во градот. Улиците беа претворени во реки, а на многу сообраќајници водената стихија донесе и големи количества кал. Сообраќајот беше крајно отежнат бидејќи водениот талог на повеќе улици беше длабок и половина метар.

– Во изминатите 5-6 години не паметам толку дожд да наврнал за толку кратко време. Како природата да сакаше да го надомести водениот талог по долготрајната суша. Во населбата Подварош, која е најниска населба во градот, главната улица беше целосно под вода. Ова е уште еден доказ дека природата никогаш не се шегува – вели Петар Тренески, жител на населбата Подварош.

фото: Зоран Антоски

Комуналното претпријатие претстојните денови ќе има многу работа да ги отстрани штетите што ги предизвика силниот дожд, бидејќи повеќе шахти се излеаја, а силните буици донесоа многу кал од автопатот што е во изградба.

З.А.