Со цел поддршка и поголема мотивација на талентираните и наградените ученици во основните и средните училишта во општина Битола, општината објави јавен повик на кој може да се пријават сите заинтересирани ученици кои ги исполнуваат условите
наведени во повикот.

Заинтересираните може да се пријавуваат до 31.10.2022 година, а паричните награди во вредност од 5.000 до 15.000 денари ќе им бидат доделени на празникот на заштитникот на градот Свети Нектариј Битолски. Ваквиот начин на мотивирање на младите генерации, Општината го воведува првпат, велатод Општина Битола.
М.М.