Како дел од проектот за реконструкција на коловозот, канализацијата и водоводот, денеска во Битола почна реконструкцијата на улицата „Булевар 1 Мај“ , на потегот од улицата „Добривое Радосављевиќ“ до улицата „4-ти Ноември“.
Во првата фаза од реконструкцијата ќе се врши реконструкција на водоводната мрежа во должина од 592 метри, а ќе следува промена и на канализационата мрежа и поставување на нов коловоз на улицата.
Вкупната вредност на проектот изнесува 17.802.287 денари.
Со цел за комплетно завршување и уредување на овој дел на улицата , согласно склучениот договор во март годинава, предвидено е и поставување на ново улично осветлување со 25 нови канделабри на потегот од „Мал Безистен“ до улица „4-ти Ноември“.
М.М.