На денешен се навршуваат точно 21 година, од смртта на битолчаните Влатко Миленковски и Благојче Силјановски, како и Пеце Матичевски од Новаци, кои како воени резервисти, припадници на баталјонот на Воената полиција од Битолскиот Корпус, во заседа загинаа во близина на селото Гајре.
Пред споменикот „Ангел“ во паркот кај Градскиот часовник и пред споменикот во касарната посветен на загинатите бранители, во нивна чест цвеќе положија градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, претставници на Советот на општина Битола, претставници на Министерството за одбрана од одделението за одбрана Битола, припадници на АРМ, СВР Битола, семејствата на загинатите, воени резервисти, политичките партии и други лица.
М.М.