Во изминатите три дена на Осломејско езеро се одржа првиот Меморијаен куп посветен на прерано починатиот член на риболовното друштво „Хантер Фиш“ од Кичево, Горан Дамјаноски.
На овој куп учество зедоа повеќе риболовни екипи од земјава, а средствата собрани од котизацијата за учество на овој куп, му беа подарени на семејството на покојниот Горан, сопругата Наташа и трите девојчиња.
– На првиот Меморијален куп што викендов го огранизиравме на Осломејско езеро, зедоа учество десет екипи од повеќе градови во земјава. Првото место и припадна на екипата „Тим“ од Скопје, која имаше вкупен улов од 88 килограми. Второт место и припадна на екипата „Геле“ од Прилеп со уловени 79 килограми крап, а на третото место заврши екипата од Кичево, која оствари вкупен улов од 49 кг. Најголемиот примерок на крап го имаше екипата на Куманово со вкупна тежина од 8 килограми. Најдобро пласираните екипи за остварените резултати добија пехари – истакна Бесмир Елези, претседател на РК „Хантер Фиш“ од Кичево, кој воедно беше и организатор на овој Меморијален куп.
З.А