Долгогодишното барање на граѓаните за поставување на улично осветлување од фабриката за сладолед „Цермат“ до село Долно Оризари, Битолско, конечно е реализирано.
Во пресрет на празникот „Свети Наум“, чие име го носи црквата на влезот на селото, светна уличното осветлување на новоизградената пешачка патека, која беше дел од проектот „Реконструкција на тротоар кон постоечки коловоз на дел од улица „Ѓурчин Наумов – Пљакот“ и улична мрежа на локален пат до село Долно Оризари.
– Со завршувањето на активностите, се зголемува безбедноста на граѓаните како учесници во сообраќајот, а посебно на младите луѓе кои постојано се во голем број
присутни на оваа релација – изјави градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.
Инаку, новата пешачка патека е во должина над километар, a инвестицијата за градежните работи изнесува 3.339.135 денари, додека за улично осветлување,
инвестирани се 3.052.163 денари од општинскиот буџет. М.М.