Фото: Општина Кавадарци

Кавадарци

Општина Кавадарци изведува градежни активности на регионалниот пат Р29171, кој води од Демир Капија, преку Крњево и Конопиште, до месноста Мушов Гроб, со приближна должина од 40 километри. Патниот правец е значаен за локалното население што секојдневно сообраќа по него.

„Македонијапат“ во соработка и со одобрени финансиски средства од ЈПДП во висина од 60 милиони денари врши комплетна реконструкција на регионалниот патен правец Мушов Гроб–Конопиште во должина од шест и пол километри. Ќе се изврши поставување на нов асфалт, а претходно во соработка со општествено одговорни компании, со нивна механизација се изврши проширување на банкини, чистење канавки и изведување атмосферски одводи.

Ова е прва реконструкција на овој патен правец по цели 30 години.