Патрон празникот на црковниот храм „Свети Петар и Павле“ и оваа година ќе биде одбележан и со мото-парада, што во доцните попладневни часови ќе се одржи по 11-ти пат во Кичево.
– Денес по 11-ти пат ќе организираме Петровденска мото- парада, со што ќе го одбележиме патрониот празник на црковниот храм „Свети Петар и Павле“. И овој пат очекуваме на мото- парадата да партипицираат поголем број на мотоциклисти, но најважно е да се учествува и да се биде дел од овој традиционален мото- караван-најави Владо Личоски и посочи дека е важно да се учествува и ја наведе маршрутата по која ќе се движи караванот.
– Според традицијата која ја негуваме, мото- караванот ќе продефилира на повеќето најфреквентни сообраќајници во градот, а своето патување ќе го заврши пред црковниот храм во центарот на градот, каде ќе запалиме свеќи и ќе се помолиме за здравје. Се очекува поголем број учесниците на караванот да бидат дел од дружбата на заедничко предвечерно кафе – додаде Личоски еден од основоположниците на оваа традиција.
Стартот на мото- караванот ќе биде во 19 часот од под јарболот со државното знаме кај железничката станица, по магистралниот пат учесниците ќе продефилираат по булеварот „Ослободување“, улиците „Маршал Тито“ , „Борис Кидрич“ , „11-ти септември“, се до центарот на градот.
З.А