Во организација на ПЕД „Ендорфин“ од Кичево, викендов по осми пат се одржа Меморијалниот планинарски марш „Сашо Костадиноски“, организиран во чест на прерано починатиот планинар и другар од Кичево. На овој марш учесниците на маршот го совладаа највисокиот врв на планината Гољак, Веливрв.
– ПЕД „Ендорфин“ од Кичево, викендов по осми пат го организира Меморијалниот планинарски марш „Сашо Костадиноски“. На маршот зедоа учество околу 80 планинари од осум планинарски друштва од земјава и тоа ПЕД „Ендорфин“ – Кичево, ПСК „7-ми Мај“ – Битола, ПСК „Скопска Црна Гора“, ПД „Трансферзалец“ – Скопје, ПСК „Бистра“ – Гостивар, ПД „Демир Хисар“, ПСЗ „Козјак“ – Прилеп и ЗПА „Трескавец“ – Прилеп. Маршот започна од село Брждани а околу 80 планинари од горе споменатите планинарски друштва за околу 3 часа ја совладаа оваа висинска разлика и некаде околу пладне се искачија на целниот врв. По едночасовен престој на Веливрв, учесниците на маршот се спуштија до старото село Брждани, каде на учесниците на маршот им беа доделени благодарници за учество на маршот, а беше послужено и планинарско гравче – истакнаа од ПЕД „Ендорфин“, организатор на овој Меморијален планинарски марш.
Зоран Антоски Кичево