Вчера околу 19 часот опожарен бил автобус во близина на превојот „Стража“, на кој интервенирала екипа од ТППЕ Кичево, по што пожарот бил целосно изгаснат, потврди командирот на ТППЕ Кичево, Горан Соколески.
-Вчера околу 19 часот примена е дојава дека во близина на превојот „Стража“ на магистралниот пат Кичево-Гостивар дошло до опожарување на моторот на автобус од компанијата „Јоцо Турс“ сопственост на Стевче Паневски, со регистарски ознаки КУ 3333 ЈТ. По дојавата, наша екипа со едно возило и со 5 пожарникари излезе на самото место, пожарот беше изгаснат, а причините за истиот и висината на материјалната штета допрва ќе се утврдуваат – истакна Соколески.
З.А