Во конаците на манастирот „Св. Ѓорѓи“ во селото Паралово, општина Новаци, денеска се одржа панихида по повод 116-годишнината од загинувањето на војводата Ѓорѓи Сугарев.
На гробот на војводата Ѓорги Сугарев букети свежи цвеќиња положи градоначалникот на Новаци, Стевче Стефановски.
Ѓорѓи Сугарев (1876 – 23 март, 1906) бил македонски револуционер, член и војвода на Битолскиот револуционерен округ.
Тој херојски загина на 24 март 1906 година во село Паралово, кое го опколило Турскиот аскер.
Се водела битка цело попладне. Жртвите кај Турците биле големи, но четата на Ѓорги Сугарев немала можност да го скрши обрачот.
Гледајќи дека нема излез, Ѓорѓи Сугарев ги истрошил сите куршуми, а со последниот се самоубил. Со него загинала и целата негова чета од 21 комита.
М.М.