Фото: Ка. М

Со пригодна свеченост, постројување на единиците, Арилерискиот баталјон,
денеска во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп го одбележа 10 Април – денот на
единицата. Пред присутните гости се обрати командантот на баталјонот и на касарната
потполковник Сашко Палески, кој посочи дека да се биде припадник на артилирискиот
баталјон е чест и дека овој ден е повеќе од традиција – тој е момент кога се говори за
минатото, постигнувањата во минатиот период и иднината која ја градиме.

-Благодарение на стратегиската определба на државата реализиравме прием на нови
арилериски орудија и систем за командување и контрола со огнена поддршка и прием на нови транспортни возила. Имавме процес на обука и интеграција на опремата, а потоа и први гаѓања и воведување и употреба на опремата. Тука бевме и за асистирање на цивилните институции во справување со ланските огнени стихии. Продолжуваме да бидеме домаќини и носители на обуката на аритлерци од маневарските единици, како и на питомците од Воената академија. Учестувавме на воени вежби и можеме да кажеме дека сме целосно подготвени за декларираната хаубичка батерија како дел од лесната пешадиска баталјонска група. Способни сме за адатптирање на секакви услови за работа, реализирајќи ја мисијата на баталјонот. Воедно ни претсоти реализацијата на вежбата „Блесок 26“. Ќе продолжиме да бидеме база за обука на артилерци – рече потполковник Палески.

Денот на баталјонот го честита и бригадниот генерал Дејан Чиплаковски, кој
истакна дека се навршуваат 34 години од формирањето на артилерискиот баталјон, кој со огромен дух и ентузијазам работи, продолжувајќи ги традициите.

– Останете како единица која ја поседува најголемата огнена моќ во 1. пешадиска
бригада и новата опрема и во Армијата. Бидете господари на вашата професија и
продолжете да го градите успехот и имиџот на артелирискиот баталјон и посветете се на обуката со новата опрема и бидете верни на војничката професија и не заборавајте дека одбраната на слободата, сувереноста, самостојноста и територијалниот интегритет на Македонија е најсветата задача – истакна бригадниот генерал Чиплаковски. По повод 10 април – денот на Артирелскиот баталјон повеќемина припадници добијаа награди и признанија.

Ка. М