Спортско риболовното друштво„ Хантер Фиш“ од Кичево, кое се грижи за Осломејското Eзеро, ги известува спортските риболовци и сите кои сакаат во овој период да ловат на ова езеро, дека е забранет ловот на крапот во периодот од 10 мај до 20 јуни.
– Во наредните 40 дена на Осломејско Eзеро има тотална забрана за риболов на крап. Риболовците кои во овој период имаат намера да ловат на ова езеро, им посочуваме тоа да не го прават на северната страна од езерото и на источната страна, каде во најголем дел се одвива мрестот на крапот.Ако во останатиот дел од езерото уловат крап веднаш да го вратат назад а истовремено да користат и подметнувач за да не дојде до негово повредување-истакна претседателот на друштвото Бесмир Елези и посочи дека во овој дел од годината е слободен риболовот за останатите видови риби.
– Во наредните 40 дена единствено е забранет ловот на крапот,додека риболовот на кленот, бојникот, плашицата и карасот е слободен.Така што риболовците кои ќе уловат од овие видови риби ќе можат да си ги земат со себе, додека стриктната забрана се однесува единствено за крапот – додаде Елези. З.А.