Општина Новаци е дел од втората група која брои 24 партнер општини на Проектот на УСАИД за „Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите“.
– Денеска го потпишавме меморандумот за соработка со кој Општина Новаци е дел од втората група учесници во овој проект. Се надеваме дека преку неговата имплементација ќе ги зајакнеме нашите финансиски капацитети, ќе ги зголемиме приходите од сопствени извори, подобрување на капацитетите на општината за
планирање, извршување, известување, следење и анализа на буџетот, ќе ги одредиме клучните предизвици и препораки за подобрување на процесот на буџетирање и
меѓувладините капитални трансфери во единиците на локалната самоуправа, подобрување на пристапот на ЕЛС до потенцијалните извори на надворешно финансирање, реформа на меѓувладиниот систем како поддршка на фискалната одржливост и слично – изјави Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.
На свеченото потпишување на Меморандумот присуствуваше и амбасадорката на САД во Македонија Кејт Мари Брнз.
– Заеднички работиме на унапредување на процесот на децентрализација, доброто управување, владеење на правото и реформите за спречување на корупцијата што се неопходни за исполнување на постигнување на споменатата интеграција и подобар
животен стандард на граѓаните на Македонија. Клучен аспект на реформскиот процес е создавање на ефикасни и ефективни владини институции и на
локално и на национално ниво. Ова вклучува зголемување на капацитетите на локално ниво за прибирање и самостојно управување со ресурсите со цел обезбедување на подобри услуги за граѓаните – рече Брнз.
Министерот за финансии Фатмир Бесими нагласи дека реформата се состои од три главни столба.
– Визијата за засилен локален развој и подобрување на финансискиот капацитет на
општините е основа на реформата која е преточена во закон кој во моментов е во собраниска процедура со кој се унапредува фискалната децентрализација.
Реформата се состои од три главни столба и поразбира зголемување на фискалниот капацитет на општините и на нивните приходи, зголемување на финансиската дисциплина на општините, како и намалување на долговите, домаќинско работење и зголемена транспарентност и отчетност – порача Бесими. М.М.