Младиот битолчанец Никола Свенчев го фати крстот кој се фрлаше во базенот на храмот „Св. Великомаченик Димитриј“ во Битола.
Од над дваесетина млади битолчани кои скокаа за крстот, Свенчев го фати крстот по четврти пат (досега скокаше шестпати). Првиот пат успеа тоа да го направи пред 11 години, како млад ученик во Музичкото училиште.
– Среќен сум што по четврти пат успеав да го фатам крстот, кој се надевам дека ке ми доесе здравје и благосостоба, изјави Свенчев.
Централната прослава на големиот христијански празник Богојавление се одржа во црковниот храм пред голем број верници во храмот Св. Великомаченик
Димитриј“. Со црковната богослужба чиноначалстуваше владиката на Преспанско пелагониската епархија г. Петар, на свеченоста присуствуваше и градоначалникот на Битола Тони Коњановски. М.М.