Три децении по ред, пред највеселата ноќ во годината главен предвесник на овој празник е најстариот кичевски Дедо Мраз, кој неуморно ги весели дечињата од градот и ја наjвува Новата година.
Подостарениот Дедо Мраз може надолго и нашироко да ви зборува за средби со најмладите жители на градот, кои низ годините на свој начин го доживувале и доживуваат најпознатиот дедо на светот.
-Како да беше вчера, а веќе изминаа три децении откако за прв пат ја облеков дедомразовската униформа пред највеселата ноќ во годината, за да ги расположам нашите најмлади жители кои на свој начин ме доживуваа и ме доживуваат. Имаше дечиња кои без никаков страв ми приоѓаа и ме гушкаа сакајќи со мене да се фотографираат и овековечат таа средба. Изминаа триесет генерации деца кои сега се возрасни граѓани и кои и ден денес не можат да ги заборават средбите што ги имале со мене пред Новата година. Поголем дел од децата резервирано ми приоѓаат и размислуваат дали да се ракуваат со мене или да си заминат. Но по краток разговор речиси без исклучок повеќето дечиња го менуваат своето расположение и со големо задоволство имаат желба да се фотографираат со мене – вели најстариот кичевски Дедо Мраз, кој низ годините доживеал разни временски прилики и неприки.
-Единствена пречка на мојот континуиран престој на улица е студеното време кое последните години ми е доста наклонето, нема многу студ а јас со истите обврски и на истото место ги чекам најмладите од градот да им ја честитам Новата година, по што ќе биде овековечена оваа средба со заедничка фотографија – вели кичевскиот Дедо Мраз, познат кај повозрасните граѓани како Михајло Петрески, актер.
З.A