Фото: З.А:

Традиционално во периодот декември – јануари, кога во земјава на годишен одмор доаѓаат печалбарите родум од овие краишта, на Кичево му се случува сообраќаен колапс. Во овие дваесетина дена бројот на патнички возила во градот барем двојно е зголемен, а недоволниот капацитет на улиците и паркинзите е проблем кој на сите им создава големи главоболки, иако сообраќајната полиција вложува напори што побезболно да го реши овој проблем.

Не се критични само главните сообраќајници. Во сите делови на градот автомобили има паркирано на секој чекор, а жителите во зградите во овој период не можат да најдат паркинг ниту за своите возила.

-Нашиот град во времето кога се градела патната инфраструктура не бил димензиониран за толкав број на автомобили и како резултат на недоволниот капацитет невозможно е непречено фунционирање на сообраќајот. Се случува да изгубиме повеќе време за да најдеме паркинг отколку на пазарење. Но сакале или не се навикнавме на вакви метежи пред Нова година кога тука се печалбарите од овој регион – вели Перо Тренески, граѓанин кој живее во средиштето на градот и кој секојдневно се соочува со овој проблем и потенцира дека е крајно време Кичево да добие катна гаража.З.А.