Фото: Архива

Гостивар

Гостивараци не ги забораваат шеснаесеттемина сограѓани, кои ги загубија животите во страшната автобуска несреќа во автобусот на „Дурмо-турс“ од Гостивар, кој на 13 февруари минатата година, во близината на селото Ласкарци, излета од автопатот Скопје – Тетово. Во ова несреќа беа повредени 36 патници.

Во спомен на трагедијата, која во црно зави многу семејства, на 13 февруари годинава (четврток), група гостиварски планинари организираат марш од местото на несреќата, кај селото Ласкарци, а ќе заврши на плоштадот во Гостивар. Маршрутата е долга околу 55 километри и може да учествува секој заинтересиран.

– Покрај тоа што ќе се потсетиме и ќе им оддадеме почит на жртвите на автобуската трагедијата, ќе испратиме порака до надлежните државни институции со превентивни и други мерки да се зголеми безбедноста во патниот сообраќај, повеќе да не ни се случуваат вакви трагедии – истакнуваат организаторите на маршот.
Планинарската граѓанска иницијатива целосно е поддржана од општината Гостивар.