Фото: Ка.М.

Соработката меѓу академската заедница, работодавачите, студентите и алумните е значајна во процесите поврзани со креирање на конкурентни студиски програми фокусирани на студентите велат од Економскиот факултет Прилеп, каде денес се одржа форумот „guadguple helix”, при што беше укажано на моделот на четирикратна спирала на динамична и повеќеслојна интеракција меѓу академската заедница, работодавачите, студентите и алумни.

-Ваквата соработка иницира процеси што водат кон зајакнување на компетенициите на студентите и дефинирање на знаења и вештини во согласност со барањата на работодавачите што ја зголемува нивната вработеност и го скратува времето на адаптирање во новата работна средина. Од друга страна овие процеси ги зацврстуваат врските меѓу факултетот и работодавачите, ја поттикнува взаемната доверба, градејќи одржливи партнерски релации и иницира процеси за креирање квалитетни студиски програми. Оттука се наметна потребата од продлабочување на комуникацијата – рече д-р Татјана Спасеска, декан на Економскиот факултет.

Факултетот спроведе анкета за барањата на работодавачите и се направи анализа за потребите за секоја студиска програма.

Игор Неделковски, ректор на Универзитетот св.Климент Охридски, посочи дека Економскиот факултет е лидер во овој сегмднт, потенцирајќи дека вакви форуми ќе се реализираат и на другите факултети.

Ка.М.