Фото: З.А.

Со денешниот ден заврши наставата во сите основни училишта во Кичево и Кичевско, а највесели од сите ученици беа деветтоодделенците кои со денешниот ден го заокружија основното образование и сега им преостанува да одберат во кое средно училиште ќе се запишат.

Завршниот ден полуматурантите го одбележаа со игра и песна, а голем дел од нив веселбата ја заокружија и со развиорени знамиња на Македонија.

Фото: З.А.

Каде ќе се запишат полуматурантите во голем дел сѐ уште немаат одлучено, а традиционално најпопуларни се мединската и економската струка.

– Од поодамна одлучивме нашето натамошно образование да го продолжиме во медицинска струка, а по завршувањето на средното образование да се запишеме на Медицинскиот факултет, по што својата иднина ќе за заокружиме со докторска титула. Да се надеваме дека нашите планови во целот ќе се исполнат – потенцираа Ана и Ива, деветоодделенки од едно од четирите основни училишта во градот, кои ги затекнавме во центарот на градот каде ја продолжија веселбата.

Тие посочија дека не ја одбрале оваа струка за да работат во странство и планираат трајно да останат во земјава.

З.А.