Фото: З.А

Изминатите два дена КУД „Рацин“ од Кичево, учестваше на Меѓународниот фестивал „Играме и танцуваме“ што се одржа во Драч, Албанија, кој имаше натпреварувачки карактер.
Во силна конкуренција со бројни ансамбли од регионот и пошироко, кичевските играорци го освоија второто место.

– Културно уметничкото друштво „Рацин“од Кичево, изминатите два дена учествуваше на Меѓународниот фолклорен фестивал „Играме и танцуваме“ што се одржа во Драч, Република Албанија. Во силна конкуренција нашето културно -уметничко друштво го освои второто место и уште еднаш ги потврди своите високи вредности – истакна кореографот Антонио Стојчески и им се заблагодари на домаќините за големото гостопримство.

Фото: З.А

– Уште еднаш изразуваме голема благодарност до Детскиот културен центар во Драч под раководство на Алда Зуфери, до неуморниот уметник и кореограф Ариан Плаку – додаде Стојчески.

Покрај на овој фестивал КУД „Рацин“ беше гостин и на Детскиот културен центар Курбин, со настап во градот Лач, со што кичевското друштво ја заокружи својата успешна тридневна турнеја во Албанија.
Стојчески изрази голема благодарност до директорката на културниот центар Мара Николи и уметничкиот раководител Лад Цара и најави гостувањето на помала група на КУД „Рацин“ на Косово, каде ќе бидат гости на Детскиот културен центар од Приштина и ансамблот на народни песни и ора „Минатори“ од Кишница.

З.А.