Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, попладнево ги посети двете централни детски градинки во Битола, „Естреја Овадија Мара“ и „Мајски цвет“.
Целта на посетата е директно да се информира за состојбата во која се наоѓаат објектите, по синоќешните земјотреси и веднаш да се пристапи кон преземање на мерки од страна на општината и детските градинки, со цел да се овозможи непречено згрижување на децата од предучилишна возраст.
Од извршениот увид, констатирано е дека материјални штети се констатирани само кај една детска градинка.
Тоа е градинката „Качунка“, која е клон на ЈОУДГ „Мајски цвет“, каде има мали оштетување на дел од ѕидовите.
М.М.