Фото: Зоран Антоски

Членовите на извидничкиот одред„ Мирко Милески“ од Кичево, традиционално, на Светскиот ден на извидништвото спроведоа и крводарителна акција на која се одзваа 21 извидник, што е повеќе од одлчино остварување ако се има предвид дека се работи за многу млада популација .Од институтот за трансфузиона медицина од Кичево беа презадоволни од одзивот на младите извидници кои со доброволното дарување крв, уште еднаш ја потврдија безграничната хуманост.

– За Светскиот ден на извидништвото членовите на извидничкиот одред „Мирко Милески“ од Кичево и годинава спроведоа крводарителна акција во која беа собрани 21 единица на крв. За да можат да бидат крводарители членовите на извидничкиот одред мора да исполнуваат повеќе услови од кои најважни се да имаат возраст над 18 години, задоволителна крвна слика со доволно хемоглобин и да немаат некоја вироза. Одзивот беше исклучително голем, а помал дел извидници не можеа да даруваат од својата драгоцена течност од причина што ја немаа неопходната возраст бидејќи беа помлади од 18 години – истакна Гоце Ѓорѓијоски од Институтот за трансфузиона медицина –Кичево.

Инаку во текот на годината кичевските извидници зедоа учество на повеќе кампови како во земјава така и во странство а спроведоа и повеќе еколошки акции.

З.А