Во Домот на културата во Кичево беше одржан концертот насловен „Преродба во три бои“. На концертот учествуваа Јетмир Мехмеди-гитара, Фунда Али-виолина, Греса Мемети-виолончело и специјалните гости Бјондина Беќири-пијано и сопранистката Мелиса Локи. Концертот беше поддржан од Министерството за култура .
– По повод Денот на Европа, 9 Мај, вечерва за првпат во Центарот за култура во Кичево и воопшто во земјава го изведовме концертот „Преродба во три бои“. Концерт изобилуваше со богата програма составена од дела на еминенетни светски композитори како Јохан Себастијан-Бах, Николо Паганини и Антонио Вивалди. Покрај изведбите на дела од овие композитори, беа изведени и бисерите на албанската староградска музика аранжирани и адаптирани од нас инструменталистите – истакна гитаристот Јетмир Мехмеди.
Тој е презадоволен од премиерната изведба на овој концерт и најави дека истиот концерт ќе биде одржан и во други градови во земјава, а првиот нареден настап ќе биде во Тетово на 15 мај.
– Концертот „Преродба во три бои“ ќе биде одржан и на 15 мај во Центарот за култура во Тетово, каде покрај учесниците на вечерашниот концерт ќе земе учество и Младинскиот албански хор, со кој ќе диригира Премтим Етеми и кој ќе изведе дела од Вивалди и Моцарт – додаде Мехмеди.
На концертот беа присутни и гости од Италија и Португалија, дел од проектот Еразмус плус , чиј домаќин е ОСУ„ Дрита“ Кичево. З.А.