Кавадарци е градот кој во изминатите денови имаше најголема концентрација на ПМ 10 честички во Македонија, реагираат активистите од еколошката група „Еко аларм”.
 
Тие бараат итни мерки од страна на локалната самоуправа, за намалување на загадувањето со ПМ 10 честички и подобрување на квалитетот на воздухот. Со цел градот да не биде и во иднина, убедливо најзагаден во Македонија.
 
– Апелираме до сите граѓани да го редуцираат употребувањето  на возилата и да внимаваат што горат, за да се загреат. Исто така апелираме граѓаните да се префрлат на поеколошки начин на греење – нагласуваат од „Еко аларм ”.