Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, денеска пред членовите на Економскиот совет, на медиумите, советниците, го даде отчетот за постигнатото во сто дена од преземањето на функцијата. Тој посочи дека ЛС ја затекнал со тековни обврски, долгорочни обврски и обврските по договори за јавни набавки во висок износ, односно од околу пет милиони евра. Од нив биле 32.196.697,00 денари тековни обврски, долгорочни обврски во сума од 112.415.339,00 денари и превземени обврски по јавни набавки во износ од 147.950.128,00 денари.
– За жал, морам да кажам дека Прилеп помина низ многу тежок период. Во изминатите четири години бевме сведоци на уништена економија, голема сиромаштија, чаршија со затворени дуќани, лоша патна инфраструктураи промашени проекти. Запоставени и уништени зелени парковски површини, уништени дрвореди и уништени фонтани беа исто така дел од сликата којашто претставуваше хаос во градот и во населените места. На седница на Советот на општина Прилеп беше донесен буџетот за 2022-ра година во износ од 1.408.357.000,00 денари. Во овој буџет имаме предвидено три развојни програми и тоа: Реконструкција на ул. „Борка Талески“ во износ од 25.539.000,00 денари која претставува последен крак за реконструкција од плоштадот „Методија Андонов-Ченто“; Изградба на главен доводен цевковод во село Канатларци во износ од 11.637.000,00 денари; Доизградба на детска градинка во населба Точила во износ од 44.497.000,00 денари – рече Јовчески.
Во периодот од 27 октомври 2021 година до 31 јануари 2022 реализирани биле приходи во износ од 106.989.143,00 денари, а расходите за истиот временски период изнесувале 109.054.775,00 денари. За исплата на обврските приходовани се средства од депозитот на буџетската сметка во износ од 2.065.632,00 денари.
Од реализираните капитални расходи исплатени биле 20.864.943,00 денари – за изградба, реконструкција на улици и локални патишта, за реконструкција на градскиот стадион и изградба на капацитети во енергетиката исплатени се 3.059.163,00 денари, капитални субвенции кон ЈКП – 4.345.000,00. Во овој период имало и исплатени побарувања по однос на претходни тужби во износ од 9.465.686,00 денари од кои кон доверител Стентон градба ДОО Битола за мостот на улица Трајко Николоски во износ од 6.621.686,00 денари, кон доверители вработени од ТППЕ-Прилеп, исплатени се 2.465.235,00 денари и исплатени штети кон граѓани по однос на каснувања од кучиња-скитници и исплати на штети по основ на неодржување на улици во зимски услови исплатени се 379.437,00 денари.
Јовчески рече дека Општинската зграда ја отвориле за сите граѓани и воведиле ден за „Средби на граѓаните со градоначалникот“ со цел што побрзо и поефикасно надминување и решавање на нивните проблеми со кои што институционално се среќаваат. Воедно седниците на Советот на општина Прилеп, кои претходно беа од затворен тип сега се пренесуваат во живо со што граѓаните онлајн можат да ги следат. Исто така во стоте дена се реактивирал Економскиот совет на општина Прилеп, што било предизборно ветување со цел локален економски развој. Воведен е нов проект за еднократна финансиска помош за секое новоредно дете во општина Прилеп.
При тоа Јовчески изјави дека за реализација на програмата во буџетот на општината за 2022 година се предвидени средства во висина од 3.600.000,00 денари. Санирани се оштетувња на фонтани, на водоводна и канлизациска мрежа, а исчистени се депонии на повеќе локации при што е остранет отпад од 1040 м2. Исчистени биле и јавни површини и простори, а бил изграден и детски парк, а се засадиле и дрвја со цел заштита на животната средина. Воедно во првите сто дена јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање било стабилизирано во работата, а биле исплатени и заостанати плати. Се работи на изградба на современ паркинг во центарот на градот, како и на проекти за монтажни катни гаражи. Во фаза било пуштање на приградска линија за превоз на патници до населените места: Лагово, Беровци, Алинци, Тополчани, Ерековци, Канатларци и Подмол, (два пати дневно – наутро и на пладне, со интенција во летниот период да биде и на вечер).
– Отчетноста и транспарентноста на ЛС, како кон граѓаните, така и кон медиумите ветувам декжа ќе биде пракса во текот на целиот мандат, затоа што локалната демократија е многу важна за функционирањето на општината. Создаваме нова иднина со промени и проекти и ветуваме дека Прилеп повторно ќе биде гордост на сите прилепчани – посочи градоначалникот Јовчески на денешниот отчет по повод 100 дена од преземањето на власта.
Ка.М.