Како до одржлива и отпорна локална заедница во услови на криза беше темата на денешната јавна дебата во Кичево, организирана од Рурална коалиција.
На неа пбеа присутни, а воедно и дебатираа, извршната директорка на Рурална коалиција Лиљана Јоноски, претставник на ЕЛС Кичево, Регионалната стопанска комора, претставник на локалниот совет, раководителот на подрачното одделние за земјоделие, претставник на центарот за управување со кризи.
Енергетската криза придружена со кризата со храна и зголемени цени не ги одмина ниту општините како ни локалниот бизнис сектор ниту пак граѓаните. Општините исклучително тешко се справија со кризата особено во делот на снабдувањето со електрична енергија што пак се одрази и на сите останати сектори во локалната заедница.
Рурална Коалиција изминатиот десетмесечен период анализираше седум општини, како тие се справија со енергетската криза.
-Ние во изминатите десет месеци работевме на анализа како општините се справија со енергетската криза, исто така и со кризата со храна , и направивме анализа како на националните мерки и во делот на општините. Ни беше многу интересно што поголем дел од општините вложуваа во анти кризни мерки кои се поврзани со енергетската криза, рестрикции во делот на осветлувањето и инвестиции во смарт осветлување.Интересен е фактот што општините многу помал дел од својот буџет одвојуваа за помош на ранливите категории на граѓани соочени со високите цени на храната -истакна Лиљана Јоноски извршна директорка на Рурална Коалиција и нагласи дека анализирајќи ги седумте општини кои беа таргетирани во проектот, се дојде до заклучок дека општините Охрид и Кичево од југозападниот плански регион на државата, имаат најнизок процент на издвоени средства за храна од само еден процент а за пофалба е општина Пласница која издвои многу повеќе средства, иако располага со многу помал буџет. З.А.