Полни 15 години јапонските цреши засадени на главната улица во Кичево ја украсуваат улицата „Маршал Тито“ во Кичево во месец април, и речиси стана традиција пред најголемиот верски празник Велигден да му дадат дополнителна убавина на црковниот храм „Свети Петар и Павле“, лоциран во средиштето на градот.

– Кога ги засадија јапонските цреши на главната улица во нашиот град, ни на сон не можевме да сониме дека расцветаните дрвца ќе му дадат толку убавина на нашиот град, а по традиција цветањето се случува во месец април и во поголем број на години цветањето на црешите се поклопува со големиот верски празник Велигден, кога сиот народ од градот се собира во црковниот храм. Тогаш кога цветањето е во полн ек се чини како цветна розевина да го обвиткала црковниот храм во градот. Цветањето ги привлкува моите сограѓани во овој период од годината да прошетаат и во чести прилики да се фотографираат пред преубавите дрвца од далечниот исток – вели Живко Ширгоски, жител на блиската населба .
З.А