На свечена седница на Здружението на пензионери – Битола вчера беш
промовирана Монографијата „76 години позитивни активности 1946-2022“. Монографијата беше промовирана на свечена седница што се одржа во Големата
сала на Народниот театар во Битола по повод одбележувањето на 76 годишниата од постоењето на Здружението.

Монографијата содржи над сто и педесет страници исполнети со стотици активности на пензионерите од Битола и ограноците во Новаци и Могила, како и бројни колор фотографии кои ја потврдуваат автентичноста на напишаното.

На седницата присуствуваа претставници од Собранието на Здружението на пензионери, претседателите на ограноците и комисиите, градоначалниците на Новаци и Могила, претставник на Општина Битола, претседателите на збратимени и други здруженија на пензионери со кои соработуваат како одние од Прилеп, Тетово, Ѓорче Петров, Гази Баба, Радовиш  и Врање, Србија, како и многу гости. Свечено обраќање пред присустните имаше претседателката Даница Пеличкова.

– Голема чест и задоволство ми претставува да бидам на чело на најголемото и со најдолга традиција на постоење, Здружение во Република Северна Македонија. Оваа
година, Здружението на пензионери од Битола одбележува 76 години од своето основање.

По тој повод ја издаваме оваа занчајна монографија со цел да останат запишани сеќавањата за неговото формирање, како и развојот низ годините во најголемо здружение членка на СЗПМ. Во изминатите 76 години Здружението на пензионери Битола растеше, се надградуваше и постигнуваше видни резултати во сферата на пензионерското организирање.

Одбележувањето на 76 годишното постоење е доволен доказ за неговата зрелост, но и потврда за бројните постигнати резултати и успеси, согледување на проблемите и слабостите, а со тоа и трасирање на патот за понатамошен развој, истакна во своето обраќање Даница Петличкова, претседателката ан Здружението на пензионери Битола.
М.М.