Изграден е новиот ски центар во кавадаречко Михајлово, пуштањето е на први јануари, информираа денеска од Кабинетот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.
Оттаму нагласија дека земјава добива нов скијачки центар во срцето на Кожуф планина.
– Снежната покривка е совршена и планината подготвена да ги пречека посетителите – соопштија од Кабинетот на Јанчев.
Оттаму информираа исто така дека зимската служба на ЈП „Комуналец“ Кавадарци е активна на терен од утринските часови. Со четири возила се чистат патните правци кон селата Страгово, Бохула,Чемерско, Михајлово и Мрежичко, со цел безбедно одвивање на сообраќајот за сите кои гравитираат во овие делови.