Во рамките на проектот „Патот до селото: Создавање на одржлив рурален развој во срцето на природата“, Рурална коалиција со поддршка на локалните туристички водичи и добри познавачи на регионот, го изготви првиот туристички водич кој што зборува за локалитетите кои треба да се посетат и кои што кријат недопрена природа како и бизнис можности за туризам и рурален развој.


– Конечно општина Кичево и регионот на Илинска планина добија сопствен туристички водич кој ќе овозможи позабрзан рурален развој и поинтензивен туризам. Преку промоцијата на водичот и неговото доставување до сите чинители во секторот туризам и рурален развој , се очекува да порасне бројот на посетители на регионот а ќе се создадат и можности за вложување во развојот на руралните средини во регионот на Илинска планина што ќе овозможи и раст на локалниот економски развој како и креирање на одржлив рурален развој. Инаку, овој туристички водич е изработен во рамките на проектот „Патот до селото: Создавање на одржлив рурален развој во срцето на природата“, финансиран како подгрант, кој што ние го спроведуваме во рамките на проектот „Одржливо користење на природните ресурси на Кораб,Коритник, Шара и Албанските Алпи“- информираа од Рурална коалиција.
З.А