Во центарот на Кичево, здружението на граѓани „Божиќен базар“ постави Исусова пештера, реплика на пештерата каде што се родил синот Божји во Витлеем. Покрај Исусовата пештера од здружението поставија и новогодишна вештачка елка украсена со повеќе лампиони, која ќе биде воедно и единствената елка во средиштето на градот, бидејќи долги години Кичево остануваше без овој новогодишен симбол.
– Пред најголемиот христијански празник Божиќ, во центарот на Кичево поставивме реплика од Исусова пештера , која беше изработена од страна на сестринството од манастирот во Рајчица. Оваа пештера всушност е верна копија од пештерата каде што се родил синот Божји. Радува фактот што деновиве голем број верници го посетуваат центарот на градот и со своите дечиња се фотографираат пред Исусовата пештера. На истиот локалитет поставивме и новогодишна елка, која ја укасивме со повеќе видови лампиони и претставува убав украс за средиштето на градот – истакнаа од здружението „Божиќен базар“, кои на почетокот на јануари ќе организираат и хуманитарен Божиќен базар, каде што на граѓаните ќе им понудат повеќе видови пијалаци како и разни видови десерти.
З.А.